Шилегов им се заблагодари на борците од НОБ за слободата што му ја подариле на градот

од Биљана Јовановска 0

silegov-1024x359

Во чест на 13. Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

– Денеска за првпат ја имам честа да Ви се обратам како градоначалник на Градот Скопје и да Ви се заблагодарам што ја подаривте вашата младост на овој град и што ни ја подаривте слободата. Генерации пред нас копнееја и тежнееја да го остварат сонот за независна македонска држава. Вашата генерација ја извојува таа победа и го ослободи градот и земјата од фашизмот. Борбата за слобода е перманентна, и нашата генерација е исправена пред сериозни предизвици. Редно е да ставиме крај на омразата и поделбите, за да оставиме нешто добро за генерациите што доаѓаат по нас. Скопје заслужува многу да вложиме во него, и како луѓе и материјално. Очекувам оваа убава традиција на средби да продолжи, да го славиме овој ден, да оддадеме почит на загинатите борци за слобода и со пригодна програма да го одбележиме Денот на ослободувањето на Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов, на средбата со борците.

Трајко Стаматовски, претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ рече дека се надева дека соработката меѓу Градот Скопје и Градскиот одбор на Сојузот на борци во иднина ќе се продлабочи, во знак на почит кон минатото, сегашноста, но и кон иднината.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!