Прилепчанец почина, две деца повредени во сообраќајка

од Биљана Јовановска 0

soobrakjajna_policija

На 12.11.2017 година околу 17:20 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, на 6500м од Кукуречанска раскрсница, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(31) од Прилеп,  возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Т.(35) од с.Граешница-Битола и возило „Ауди А3“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.В.(19) од Битола.

Во незгодата на лице место починал возачот С.Т., а смртта е констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош. По наредба на јавен  обвинител, телото е предадено за обдукција.

loading…

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. (фрактура на нос и потрес на мозок), кој е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Битола и 11 годишно дете од с.Граешница-Битола (потрес на мозок и исеченици на главата), а додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т.(59) од с.Граешница и 7 годишно дете од истото село.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!