МВР избрка 11 полицајци од работа поради непрофесионална реакција за време на „Крвавиот четврток”

од Биљана Јовановска 0

mvr-sobranie-napad

Паднаа првите откази за единаесетмина полицајци кои работеле непрофесионално за време на крвавиот четврток. Биле потпишани во петокот, откако завршила дисциплинската постапка. Од МВР потврдуваат дека биле поделени откази, но и дека има дисциплински постапки за уште 50тина полицајци. Според нашите информации, полицајците кои ги добија првите откази први биле суспендирани уште во мај, по одлука на секторот за внатрешна контрола.

Според тогашните информации петмина од казнетите не интервенирале кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски и Крсто Мукоски ги отворале вратите за да влезат демонстрантите. Тие биле вработени во секторот за обезбедување.

Според информациите на ТВ 24 тројца од полицајците на кои им биле поделени отказите биле вработени во УБК. Во мај, веднаш по крвавиот четврток, за двајца од нив веќе беше објавено дека се обиделе да ги сокријат хард дисковите на кои биле собраниските снимки.

На неодамнешниот брифинг со новинарите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека дека засега суспендирени се 42-ца полицајци, а против 70 се водат дисциплински постапки.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!