Мицковски: Груевски ги исполнува условите за нов лидер

од Биљана Јовановска 0

hristijan-mickovski1

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, вели дека е негов личен став изјавата дадена во интервју за ТВ24 каде ги набројува трите критериуми кои треба да ги исполни следниот лидер на партијата, доколку сегашниот, Никола Груевски, се повлече од функцијата.

-Мојот личен став е дека доколку дојде до тоа лидерот да се повлече, а дали ќе дојде не знаеме, идниот претседател треба да исполнува три постулати за да ја заслужи функцијата – вели Мицковски за „Фокус“.

Условите вклучуваат следниот лидер да биде прифатен од базата, односно од членовите на партијата. Вториот столб, според Мицковски, е да има позитивна перцепција и рејтинг во јавноста. Третиот важен столб, како што вели, е да биде прифатен од меѓународната заедница.

Според дел од аналитичарите на овој начин Мицковски го матирал Груевски, затоа што првиот вмровец одамна ја изгуби поддршкаа од меѓународната заедница, а кај неговото членство веќе постои раздор откако се формираше иницијатива на реформатори кои бараат оставка од претседателот и промени во изборот на нов лидер. Опадна и рејтингот на Груевски како што покажаа резултатите од локалните избори.

Мицковски, пак, вели дека е тоа субјективно гледање на работите. На прашањето дали Груевски ги исполнува условите што ги поставува за следниот лидер, одговара потврдно.

-Ако ме прашувате дали Груевски ги исполнува трите столба во средна оценка би одговорил најмногу позитивно да – вели тој.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!