КОГА БИ ВАЖЕЛ ЗАКОНОТ, ФАТИМЕ НЕ БИ БИЛА ОБВИНИТЕЛ: Фатиме Фетаи не е казнета, иако законот вели дека е забрането „непристојно и недостојно однесување на јавни места“

од Биљана Јовановска 0

fatima

Да важеа законите подеднакво за сите, Катица Јанева нема да смее да си дозволи да не го признава Собранието и претседателот на државата и ќе мораше да постапува согласно овластувањата. Доколку правилата важеа подеднакво за сите, досега ќе имаше постпаки за разрешување од функција на повеќето обвинители од СЈО кои не само што ја девалвираа професијата, туку сторија и кривични дела постапувајќи надвор од овластувањата и заканувајќи се на сведоци за да изнудат лажни изјави.

Непостапувањето на институциите на државата, резултираше со срамно однесување на повеќето членови на СЈО кои повеќе се истакнаа по угостителските објекти, кафеани те и дискотеките, отколку што се истакнаа со познавањето и почитувањето на правната регулатива. Последно во низата е недоличното однесување на Фатиме Фетаи на ноќни пијанки кое во секоја правна држава може да биде основ за нејзино разрешување, доколку советот на јавни обвинители одлучи да покрене постапка.

Специјалните јавни обвинители продолжуваат со непочитување на законите и се однесуваат како за нив да не важат истите. Имено специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, спротивно на етичкиот кодекс на јавните обвинители и Законот за јавно обвинителство непристојно и недостојно се однесува на јавни места. Имено Фетаи решила огромната плата која ја добива од граѓаните да ја троши на луди пијанки низ скопските кафулиња однесувајќи се како што не му доликува на еден Јавен обвинител.
Медиумите објавија фотографии од кои се гледа како Фетаи ги троши парите на граѓаните, прекршувајќи го законот и кодексот на однесување кое треба да го има еден Јавен обвинител, што е основ за нејзино разрешување.

loading…

Имено Фетаи со нејзиното недолично однесување директно го повредува член 68 став 1 од Законот за јавно обвинителство (ЗЈО), вршејќи потешка дисциплинска повреда, која е основ за разрешување на Јавен обвинител. Законот јасно дефинирал што претставува потешка дисциплинска повреда, па во чл.70 ст.1 од ЗЈО се вели дека дисциплинска повреда за која се поведува дисциплинска постапка која е основ за разрешување на Јавен обвинител е непристојно и недостојно однесување на јавни места, како што имаме во примерот со Фетаи.
Предлогот за поведување на постапка за утврдување на одговорноста се поднесува во рок од 30 дена од денот на дознавањето за дисциплинската повреда, но не подолго од две години од денот кога повредата е сторена. Предлогот го поведува Јавниот обвинител на Р.М.

Забавите на Фетаи граѓаните ги чини над 2000 евра месечно, односно 24.000 евра годишно, пари кои истата ги добива само како основна плата, во кои не се вкалкулирани разните дневници.

Ова не е прв случај да се види како обвинителите на СЈО се луксузираат и се забавуваат со народните пари. Претходно Ленче Ристоска беше забележана како лудува по тетовските локали, случај за кој не беше покрената дисциплинска одговорност за нејзино разрешување. Додека пак главната обвинителка Катица Јанева се шеташе низ земјите од соседството трошејќи ги парите на граѓаните на скапи вечери со амбасадори во Белград, а исто така се пофали и со слики од патување во Италија.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!