Јовески: Приоритет ќе ми биде расветлувањето на 27 април во Собранието

од Биљана Јовановска 0

Ljubomir-Joveski

Кандидатот за нов државен јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за „Гласот на Америка“ на македонски јазик тврди дека една од најлесните задачи ќе му биде одвојувањето на Обвинителството од владејачкиот апарат бидејќи самиот никогаш не потпаднал на притисоци и влијанија и преку своето искуство ќе ги охрабри обвинителите да работат чесно и според законот истовремено гарантирајќи им ја неговата заштита.

Тој најави дека расветлувањето на настаните од 27 април и насилниот упад во Парламентот како и ревидирање на досегашното постапување ќе биде приоритет по неговото назначување.

– Доколку бидам избран за јавен обвинител, за овие случаи ќе побарам реферирање за досегашното постапување. Бидете уверени дека и тие случаи ќе бидат истражени неселективно. Ова сигурно ќе ми биде една од првите работи, по преземањето на функцијата доколку бидам избран, за да се утврди вистината за настаните на 27 април и сторителите – вели Јовески.

Кандидатот за нов државен јавен обвинител потенцираше дека нема да толерира неажурност но и дека ќе се фокусира на предмети во кои не се постапувало навремено поради надворешни влијанија или центри на моќ.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!