ГРАЃАНИТЕ И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ЌЕ БИДАТ ДОЛЖНИЦИ: 1 милијарда евра ќе бидат задолжени македонските граѓани и идните генерации!

од Биљана Јовановска 0

kuzmanovska-640x362-768x434

Владата на СДС планира да ја задолжи државата наредната година за близу 1 милијарда евра. 1 милијарда евра ќе бидат задолжени македонските граѓани и идните генерации. 1 милијарда евра поради задолжување и 1 просечна плата помалку за семејствата поради воведување на повисока акциза за нафтата, истакна Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-СДС во изминатиот период на владеење покажа како не треба да се раководи со буџетската каса. СДС со потрошените 610 милиони евра за само шест месеци со ниту една реализација на проект кој е во корист на граѓаните го докажа своето расипништво. Владата на СДС секојдневно ги задолжува граѓаните и ја уништува иднината на идните генерации. СДС донесе единствено живот за кредиторите на Македонија. Државата новата година ќе ја започне со рекордниот буџет предвиден од СДС. Тоа значи дека Македонија во новата година ја чекаат нови рекордни задолжувања. Поточно СДС во 2018 година планира да ја задолжи Република Македонија за нови 854 милиони евра, 566 милиони евра на странскиот пазар и 288 милиони евра на домашниот пазар. Но доколку се земе во предвид фактот што СДС за неполни шест месеци успеа да ја задолжи државата за 440 милиони евра очекувано е со своето несовесно раководење со парите на граѓаните е оваа сума од 854 милиони евра да се зголемува и да го надмине планираното ниво, рече Кузмановска и додаде:

„Скандалозно е што македонската економија е на работ на колапсот, а владата на СДС и покрај тоа што го планира најголемиот буџет кој Македонија го имала досега ги заборави реалните потреби на граѓаните. СДС наместо да ја потпомогне македонската економија ги намали субвенциите предвидени за земјоделците за цели 24 милиони евра, пензиите нема да растат, а платите се зголемуваат селективно. Земјоделците секојдневно се борат за опстанок и за шанса со макотрпна работа да ги прехранат своите семејства, а владата ги крати субвенциите за земјоделците. Оризарите, лозарите и раноградинарите молат за поголема откупна цена и помош од државата, а СДС ја крати помошта која заслужено ја добиваа“.

loading…

Додека се крати на реалните потреби на граѓаните, подвлече таа, СДС ја задолжува Македонија без план и реални проекти, а вработените од „Фени“, „Колска“ и „Еурокомпозит“ секојдневно легнуваат и стануваат со помислата дали утре ќе имаат со што да го прехранат своето семејство.

-СДС токму овие граѓани кој ги заборави ги задолжува за 854 милиони евра овие граѓани на кои Тевдовски, Заев и Анѓушев им го свртеа грбот, граѓани кои ќе треба од свој џеб да ги враќаат кредитите на црната тројка за задолжувањето.

 

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!