ГОРЈАН ТОЗИЈА – МЕДО БАРАЛ МИТО ЗА СЕРИЈАЛОТ?: Анонимно тврдење дека Тозија должел пари на коцка, па барал мито за серијалот „Македонија“

од Биљана Јовановска 0

tozija-medo-768x509

До редакцијата на Денешен.мк пристигнало писмо потпишано од лицето М.Ј. во кое се обвинува Горјан Тозија викан Медо, новиот директор на Агенцијата за филм дека западнувајќи во коцкарски долгови побарал мито од 50.000 евра за серијалот „Македонија“.

Писмото ви го пренесуваме интегрално:

loading…

ВИСТИНАТА ЗА МЕДО ТОЗИЈА  Еве веќе неколку месеци гледам еден лопов кој на функција го стави новата влас, нашата власт, и не можам да верувам. А слушам како на нашиве им е полна устата за борба против корупција! Го гледам како си се шета по Торонто каде ги троши нашите пари и сите треба да мислиме тека е на вистинскиот ТОРОНТО ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ. Уф! Го знам човекот повеќе од 30 години. Го знам одлично. Баш како што го знаат и филмаџиите и пола Македонија. И ќутат, освен неколку што пишуваат понешто.  И сите знаеме дека е лопов, дека е коцкар и наркоман. И сите знаеме дека зема пари од сите од кај ќе стигне. И дека е наоколу должен. И сите знаеме дека е гробарот на Вардар Филм, и дека го пријавија дека кредел од Вардар. Да скратам – гад од човек. Пишувам затоа што и со мене се замери. И мене ми остана должен. А сега гледам дека се нафрлил и на двајца мои добри пријатели и сака да ги уништи. Е нече моќи ове ноќи! Сите знаеме каков е. И дека има неколку свои пајдаши со кои заедно крадат, кои сега пак ги распоредува на места каде што се парите. Детето ми покажа на ФБ како се рекламираат едени со други. Па што работат бре нашиве служби?!? Тој ли да ја претставува Македонија?!? Па Медо е само еден обичен уличен преварант! Што мајка бара наркоман и коцкар на функција?!? Кој го стави таму?!?  Ова што го прави овој лопов е скандал да не поверуваш. И тоа го знаеме сите, ама возот оди понатаму. Еден мој многу добар пријател ми кажа дека и него го уценува за пари ако сака да добие пари за некој филм, или ќе му откаже. Треба да земе некои негови луѓе и преку нив  да одат парите. И секогаш истите луѓе со кои дели пари. Еден друг пријател снимал серија, баш пред некој ден слушнав дека Владта му ја стопира и одзема. Се уплашил од Медо.  Он е ептен добар човек ама плашлив како зајак, па ми се јави да ме праша што да прави. Пред некој ден еден стар пријател ми кажа дека летоска бил на вечера со Медо и со неговиот најдобар пријател Борис од Загреб.

Ги познавам и едниот и другиот. Со Борис одамна се запознав во времето додека работеше тука. И сите наши пријатели знаат као точно стојат работите. Тоа исто го знае и пола Скопје и цел Загреб.  Дека Медо му должи на Борис повеќе од 100 000 долари! СТО ИЛЈАДИ ДОЛАРИ!!! Тие пари му ги дал за да не го убијат од ќотек оние на кои што им останал должен на коцка! Тоа го знаат скоро сите со кои што работел, знам и јас и повеќето од моите пријатели. И Медо на сите им раскажуваше како Борис му ја спасил главата. Беа најдобри другари.  И пријателов што бил на вечерата крај Вардар, каде што јаделе и пиеле заедно, не може да поверува што сега се случува помеѓу нив. Ми кажа дека Медо сака од серијата да собере СТО ИЛЈАДИ ДОЛАРИ што ги должи приватно и плус 50 000 да земе! И ако сите ќутат, јас нема да ќутам. А ова многу лесно може да се провери. Медо не може за ова да лаже, сите го знаат ова затоа што и он самиот раскажува наоклку за тоа.  Тој лопов Медо мора да си оди. Ги повикувам сите од Владата, од СДСМ, од коалицијата да го прашаат Медо Тозија за ова  ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА МУ ДОЛЖИ НА БОРИС ПОВЕЌЕ ОД 100 000 ДОЛАРИ КОИ ГИ ИЗГУБИЛ НА КОЦКА?

ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА ТОЈ ДОЛГ САКАЛ ДА ГО ПОКРИЕ ПРЕКУ ПАРИТЕ ОД СЕРИЈАТА?  Ова што го пишав треба да им послужи на сите кои што се уценувани од Медо да проговорат и Владата на негово место да стваи некој чесен човек додека е време, или ќе бидат исти како и оние пред нив?  Полна уста со чесност, а Медо го ставаат да го чува медот..Абе ајде!!!  М.Ј.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!