Ако ги чувате овие 6 играчки од детството ќе ви платат од 900 до 100.000 долари (ФОТО)

од Биљана Јовановска 0

527CC66C-4634-42B2-9D4C-CBCA6710A83C

Кој би помислил дека некои од нашите играчки од детсвото денес вредат стотици, ако не и илјадници долари…

Вистински среќници се оние кои ги сочувале своите играчите во кутии бидејќи се на добар пат да се збогатат.

Токму така! Погледнете го списокот со драгоцени играчки кои денес вредат вистинско богатство!

Фурби


Кој се сеќава на популарниот Фурби? Оригинална играчка во кутија која не е отворена вреди околу 900 долари.

Книга Хари Потер

Доколку сте еден од обожавателите на Хари Потер и сте го читале како деца, треба да знаете дека првото издание на првата книга сега вреди до 6.500 долари. За потпишан примерок можете да добиете 15.000 долари.

Амбалажа од Пез


Вредат дури и без бонбони! Цените варираат, но 2006 година, една кутија со лик на астронаут на Ибеј е продадена за неверојатни 32.000 долари. Малку повредни се кутиите со ликовите на Мики Маус и Дедо Мраз.

Барбика

Вистинска Барби кукла денес вреди и до 23.000 долари! Кукла од 1959 година со часовник вреди од 8.000 до 23.000 долари.

Монопол

Оригиналната, рачно нацртана верзија на Монопол од 1933 која била во сопственост на творецот на Монопол Чарлс Даров, е продадена за 146.500 долари. Други верзии и лимитирани изданија на Ибеј може да достигнат цена и над 3.000 долари.

Покемон картички

Покемоните настанале далечната 1996 година, но децата и денес ги обожаваат. Оригинални картички, кои се во добра состојба можете да ги продадете за неверојатни 100.000 долари.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!