Ако имате некој од овие стари мобилни телефони, може да заработите до 200 илјади денари

од Биљана Јовановска 0

Những-chiếc-điện-thoại-cổ-xưa

Доколку некаде во некоја фиока пронајдете стар мобилен телефон кој не го користите – Не го фрлајте!

Можеби токму тој мобилен телефон спаѓа во т.н “класици“ кои може да ви донесат вистинско мало богатство, пренесуваат британските медиуми.

Еве за кои мобилни телефони постои голема побарувачка:

Nokia 3310 во Британија се продава за цена од 10 до 55 фунти

Motorola Razr V може да се продаде за околу 60 фунт

Sony Ericsson W88i може да се продаде за околу 50 фунти

Nokia N95 може да ви донесе заработка од 90 фунти

Nokia 9000 вреди неверојатно 500 фунти

Nokia Mobira Talkman од 1981 се купува за спектакуларни 900 фунти

Но тоа не е се! Кралот на старите телефони е Motorola DynaTAC. Ако го поседувате овој мобилен телефон, па уште и да е во добра состојба, за него може да добиете до 3.000 фунти!

За старите iPhone модели се нуди цена од 150 до 1.000 фунти.

Британските медиуми ја соопштуваат оваа вест врз основа на информациите прибрани од e-bay и останатите слични страници за огласување кадешто колекционерите купуваат мобилни телефони.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!