„ТЕТА ВЕГЕТА“: ЖЕНАТА КОЈА ГО ИЗМИСЛИ НАЈПОПУЛАРНИОТ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ЗАЧИН!

од Биљана Јовановска 0

zlata-vegeta

Професорката Злата Бартл поголем дел од животот била позната како „тета Вегета“. Таа е родена во Долац кај Травник 1920 година, а израснала во Сараево. Се претпоставува дека е заслужна за изумот Вегета – најпопуларниот југословенски зачин.

После големата матура, се запишала на студии во Сараево, а на факултет дипломирала физика, хемија, математика и минерологија.

Во една прилика пријателка од Франција и донела супа од кесичка, „откритие“ кое на жените ќе им го промени животот, а потоа проработила фантазијата на Злата – како најсовремената технологија на дехидрирање и пакување да ја спои со вкусовите од детството.

Бидејќи работела како хемичарка во фабриката Подравка во Копривница, започнала да ги истражува процесите на дехидрација на зеленчукот, а потоа на нејзина иницијатива 1957 година во фабриката почнале да произведуваат супа во вреќичка, а 1959 година од фабриката излегле првите килограми Вегета, зачин кој токму таа го осмислила.

Злата потоа добила статус на почесна граѓанка на Копривница, а починала во старечки дом во овој град 2008 година.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!