Дубаи го тестираше првото такси без возач

од Биљана Јовановска 0

bd83684f_3201x2bc1wtransparent

Дубаи вчера објави дека е зивршен првиот тест на електрично такси возило без возач, со кој емиратите сакаат да станат пионер во таа област на футуристичкиот транспорт.

Во првото прбно возење немало патници, соопштува Агенцијата за сообраќај на Дубаи.

Користениот прототип е дело на германска стартап компанија, може да вози 30 минути со максимална брзина од 100 километри на час, а во него има место за двајца патници.

Дубаи планира да интегрира самовозачки такси во транспортната мрежа со метрото, автобусите и трамваите. Патниците такси ќе може да резервираат и да го следат неговото патување преку телефонска апликација.

Властите наведуваат дека планираат пет години тестирање за да ги применат сите безбедносни мерки да донесат неопходни закони за новиот вид на превоз.

Дубаи со 14,9 милиони туристи годишно е меѓу главните туристички дестинации во Персискиот залив.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!