Заев се сретна со еден од првите луѓе на Google Jigsaw: ЕВЕ КАКВА СОРАБОТКА ДОГОВОРИЈА

од Биљана Јовановска 0

Tq1ou-30

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Џерад Коен, еден од првите луѓе на една од најразвиените светски компании Google Jigsaw.

На средбата била изразена поддршка за промените што се случија во Македонија, а се разговарало и за можностите за млади и за економски развој што ги отвора Владата.

Премиерот Заев ги претставил условите за инвестирање во Македонија.

– Со политиките на новата Влада, ја отворивме Македонија за светот како и за младите и креативни луѓе кои сакаат да придонесат за економскиот развој на државата, но и ја гледаат нивната иднина во својата земја. Преку бизнис инкубаторите и старт ап центрите, фокусирани сме, како Влада, на поддршка на компании и поединци со иновативни идеи. Заинтересирани сме да ги поддржиме и добрите иницијативи во ИТ секторот и технологијата, рече премиерот Заев.

На средбата, претставници на Google Jigsaw што го придружуваа високиот претставник на компанијата, Коен, соопштија дека од нивната скорешна посета на Македонија, заклучил дека земјата има млади креативни луѓе кои би можеле да придонесат во иновативниот, технолошкиот, ИТ сектор.

Како што соопштуваат од владината прес служба, на состанокот се разговарало за идеи за соработка во Република Македонија и поставена е основа за развивање на соработката.

Close
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!