Се тресе источна Европа: Погледнете како изгледаат големите руски воени вежби „Запад 2017“

од Биљана Јовановска 0

k6JSh-ruski-vezbi-belorusija-zapad-tocka-2017-01

Минатата седмица започнаа големите руски воени вежби наречени „Запад 2017“ кои што се одржуваат на просторот на Русија и Белорусија.

Руските медиуми пренесуваат дека воените вежби веќе се влезени во втора фаза и ги вклучуваат копнените, воздушните и поморските сили. Москва тврди дека моментално на вежбите учествуваат 12,700 војници од кои 7,200 војници на белоруската армија и 5,200 војници на руската армија.

Западните сили тврдат дека бројката е далеку поголема од наведената и наместо околу 20,000 војници како што тврдат руските власти, на воените вежби „Запад 2017“ учествуваат дури 100 илјади војници.

Во извештајот на руското министерство за одбрана е наведено дека учествуваат 70 воени авиони, 10 воени бродови и 680 копнени возила – вклучувајќи 260 тенкови и 200 артилериски единици.

Првата фаза на овие вежби била фокусирана на одбранбените заеднички акции на руската и белоруската армија и истата била комплетирана за време на минатиот викенд. Оваа фаза вклучувала и акција во која што околу 500 падобранци се спуштаат зад непријателските линии.

Од вчерашниот ден, започнала втората фаза од воените вежби која што е фокусирана на мобилната одбрана и офанзива која што има цел да го уништи непријателот. Ова се најинтересните моменти од најголемите руски воени вежби во последните неколку години.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Еби се!!!!!