НИКОГАШ НЕ БИ ВИ ПАДНАЛО НА ПАМЕТ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ОВОЈ ИТАЛИЈАНСКИ МАФИЈАШ ОДЛУЧИЛ ДА СОКРИЕ МИЛИОН ЕВРА!

од Биљана Јовановска 0

evr-st

Полицијата во Бари, на југот на Италија, објавила дека открила речиси милион евра за време на претрес на куќа на шеф на локална банда, осомничен за трговија со дрога и други кривични дела.

Парите биле пронајдени во вакумирани пластични кеси во дупли ѕид под прозор, навела полицијата и прецизирала дека се работи за 936.000 евра.

Бидејќи парите немаат легална трага, најверојатно се стекнати од продажба на дрога.

При претрес претходно во мај, полицијата кај истиот осомничен пронашла 60.000 евра, исто така скриени во ѕид.

Според локалните медиуми, тој човек за време на претресот не бил во куќата и по него се трага.

Close
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!