Убиен познат градоначалник – полицијата го пронајде со пресечен грклан на гробиштата

од Биљана Јовановска 0

svekja

Бруталното убиство на градоначалникот на белгискиот град Мускрон ја шокира Белгија, а премиерот бил „шокиран“ поради насилната смрт на пензионираниот член на федералниот парламант, кој бил пронајден на гробиштата со пресечен грклан.

Белгиските медиуми, повикувајќи се на обвинителството, објавија дека Алфред Гаден (71), градоначалник на Мускрон, град од 57.000 жители, кој се наоѓа во близина на француската граница, бил пронајден мртов на гробиштата кои се наоѓаат во близина на неговата куќа.

Како што пренесува локалниот медиум „Судинфо“, повикувајќи се на неименувани извори, осумничениот за убиството сам ѝ се предал на полицијата, а мотивите за бруталното убиство не се познати.

Случајот му е предаден на обвинителството, а не на истражителите чија специјалност е антитероризам. н.ц.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!