Уапсен 18-годишник за убиство на градоначалник

од Биљана Јовановска 0

NAJNOVA

Белгиските власти соопштија дека уапсиле 18-годишно момче осомничено дека минатата ноќ со нож го убил градоначалникот на градот Мускрон.

На 71-годишниот Алфред Гаден, според првичните информации, во понеделникот му било пресечено грлото, а неговото тело било најдено на гробиштата, чии капии тој секој ден ги отворал и ги затворал.

Полицијата го уапсила 18-годишниот осомничен за убиство и навела дека тој сам се пријавил и се предал без отпор.

Засега не се познати мотивите за убиството, но локалните медиуми пишуваат дека можна причина е одмазда на младиот за смртта на татка си, општински службеник, кој пред две години бил отпуштен од работа и се самоубил.

Мускрон е град со речиси 58.000 жители во западниот дел на Белгија. Убиството ја потресе Белгија бидејќи починатиот градоначалник бил многу популарен.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!