Предмалку Заев ја објави оваа информација

од Биљана Јовановска 0

zaev_press2

Половина милијарда евра се потребни во буџетот за 2018 година за да се пополни дупката за пензии, рече вечерва премиерот Зоран Заев, кој гостува во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 вести. Премиерот одговара на прашања на бизнисмени, невладининиот сектор, синдикат и новинари.

„Во Македонија има мал процент луѓе со големо богатство. Отворени сме за сугестии и од работниците и од менаџментот.Јас сум убеден дека и бизнисмените имаат ќар од поголеми плати на работниците.Трендот на покачување на пензиите ќе го следи трендот на покачување на трошоците на живот. Петстотини милиони евра ќе се одделат во буџетот за 2018 за пополнување на дупката во Фондот за пензинско осигурување“, рече Заев.

За тендерот на кој учествува и вицепремиерот Кочо Анѓушев, Заев рече дека фирмата конкурирала во почетокот на април а владата беше формирана речиси два месеци подоцна. Законот мора да се почитува, нагласи Заев.

„Владата нема да биде иста како претходната Влада. Сепак, аукцијата ќе биде во петок, па да почекаме до тогаш, да не коментираме пред време“ рече Заев.

Во овие 100 дена, се чувствува слободата и професионалноста. Сепак, тоа треба да го кажат и оценат граѓаните. Сигналот ќе биде даден на локалните избори“, потенцира Заев.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!