МВР го одби Никола Груевски – нема да му ја исполнат желбата

од Биљана Јовановска 0

nikolagruevski1

Министерството за внатрешни работи го одби барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да добие дополнителни 20 телохранители.

На прашање на Макфакс, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес-конференција, рече дека според извршените проценки, не постојат безбедносни закани за Груевски и за неговото семејство и затоа бројот на негови телохранители ќе остане 6.

„Според направените анализи и проценки и, со оглед на тоа дека неговото актуелно обезбедување од шест луѓе не пријавило досега никакви закани кон него и неговото семејство, оценето е дека тоа барање не треба да се прифати“, рече Спасовски.

Во јули Груевски побара наместо досегашните 6 телохранители да добие 20, бидејќи имал закани по живот.

Како причина за барањето Груевски навел дека неговото безмалку десетгодишно вршење на функцијата го правел во турбулентен временски период, како и на фактот дека е пратеник во Собранието, каде е претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Груевски навел дека телохранителите ги бара на неопределено време, сè додека има опасности по неговиот живот и личен интегритет.

Неофицијално, Груевски додека ја извршувал функцијата премиер, за 1о години имал вкупно 78 телохранители, а со доаѓањето на Оливер Спасовски за министер има шест, колку што му следува по закон.

В. Маглешов

(Макфакс)

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!