Македонските возачки дозволи од утре ќе важат и во оваа земја

од Биљана Јовановска 0

kola-vozac

Утре, 13 Септември, со почеток во 12.00 часот во Свечената сала во Владата на Република Македонија ќе се одржи свечено потпишување на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи.

Во име на Владата на Република Македонија, договорот ќе го потпише министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина, министерот за комуникации и транспорт, Исмир Јуско.

На чинот на потпишувањето ќе биде присутен и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој претходно ќе оствари и билатерална средба со Министерот за комуникации и транспорт, на БиХ, Исмир Јуско, во билатералната сала со почеток од 11.00 часот.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!