Фит бабичка: Најстарата бодибилдерка вежба и на 81 година

од Биљана Јовановска 0

02

И покрај тоа што чекори во деветтата деценија од животот, Ернестин Шеперд не се откажува од вежбањето. 81-годишната супер бабичка е најстарата бодибилдерка која и до ден-денес напорно тренира.

Мотото на амбициозната Американка е „Победниците никогаш не се откажуваат. Бидете победник“, а тоа ја води низ сите натпревари каде има освоено десетици награди.

Ернестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин Шеперд

Ернестин се придржува кон здрава исхрана и консумира мали оброци на секои 5-6 часа. Вежба четири дена во неделата, а секој ден го започнува во 3 часот наутро со медитација и трчање во парк.

„Вежбањето прави да се чувствувам среќна и жива. Им кажувам на сите дека возраста е ништо друго, туку само бројка“ – вели таа.

Ернестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин Шеперд

Пред околу 20 години Ернестин била полничка средовечна жена која цел живот го избегнувала вежбањето. Еден ден таа и нејзината сестра Милдред биле поканети на забава покрај базен. Незадоволни од изгледот на своето тело, тие не облекле костими за капење и наместо да се забавуваат, се жалеле од својот изглед. Тоа ги поттикнало да се запишат на часови по аеробик.

За жал, по неколку години, сестрата на Ернестин починала.

Ернестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин ШепердЕрнестин Шеперд

Пред неколку месеци, Шеперд гостуваше во емисијата „Little Big Shots“. Погледнете видео:

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!