АПЕЛ ЗА КУЛАТА НА ТИТОВ ВРВ

од Биљана Јовановска 0

karas-66061

Многумина од нас често го посетуваат Титов врв или еднаш годишно во месец мај кога одат 500 до 1000 луѓе на ова групно искачување… исто познавам луѓе кои одат доста и во зима!

Замислете на едно ваше одење да ја видите Кулата, симболот што веќе скоро 70 години е таму, да ја нема или да е срушена!?!

Од еден симбол, едно засолниште ќе остане само спомен 🙁

За среќа луѓето од клубот ПЕД АРГЕНТУС – МОУНТ ТЕТОВО не го дозволуваат тоа. Тие веќе подолго време работат на кулата, но најголем проблем им преставува транспортот и секако недостатокот на луѓе.

Знам дека секој лајк на Фејсбук ги поттикнува да продолжат, но тоа не е воопшто доволно за жал.

Направете второ или трето искачување годинава на Титов врв носејќи вода, 4 до 5 кг песок или бидете им придружба на овие луѓе.

Дајте да се собереме 100-200-500 луѓе да видат и они дека не се сами! Дека сме со нив – кој колку може да помогне. Заедно сме појаки, а симболот на Шара ќе остане подолго за генерации.

Во среда, на 13ти септември ќе одат од друштвото да постават соларни панели со батерија и сè што треба за да ја осветлат кулата… кој е слободен е добродојден за помош, а оние кои не се слободни бујрум во сабота и недела.

Споделете ја оваа информација Ве молам.

Лице за контакт 071 561 449 Звонко Алексоски.

п.с. Благодарам однапред и да се видиме на Титов врв со работа и дружба да прославиме сите заедно.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!