Новиот премиум Ајфон доаѓа во ограничени количини, со цена од 1.200 долари!

од Биљана Јовановска 0

ajfon8

Се очекува „Епл“ наредната недела (12 септември) да ја претстави новата Ајфон линија, а секој ден се појавуваат нови информации како се приближуваме до официјалната објава.

Главниот модел на телефонот, кој би требало да го носи називот Ајфон 8 или Ајфон Х, ќе биде достапен во ограничени количини, според непотврдени информации.

Телефонот нема да биде евтин, а новите гласини сугерираат дека моделот со 64 ГБ ќе чини 999 долари, додека топ моделот со 512 ГБ ќе чини дури 1199 долари.

Не е познато колку Ајфони количински ќе бидат достапни на почеток, но сигурно е дека ќе бидат помалку отколку Ајфон 7С верзијата. Аналитичарите веруваат дека во текот на оваа година ќе бидат достапни само неколку милиони примероци Ајфон 8 телефони.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!