НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Иновација која го одзема здивот, со само еден допир органите почнуваат сами да се лекуваат

од Биљана Јовановска 0

21246303_10155804193632932_4133017668445446593_o

Иновацијата, во моментот на допир, започнува да доставува на местото каде е поставена, нова ДНК [дезоксирибонуклеинска киселина] како и РНК [рибонуклеинска киселина], во јадрото на живите клетки, за да ја промени нивната функција кон самолекување.

Не станува збор за научна фантастика или за проект кој “ќе биде во иднина” туку за реалност која веќе е тестирана на Универзитетот во Охајо и која според научниците но и лекарите е 98% делотворна а наскоро ќе биде применлива како третман во медицинското секојдневие.

Имено истражувачите развиле уред кој може да ја префрли функцијата на клетката за да ги спаси можностите од откажувања на витални органи и функции на телото со само еден допир. Технологијата позната и како ткивна нанотрансфекција [TNT] инјектира генетски код во клетките на кожата, претворајќи ги овие клетки од кожа во други типови на клетки потребни за лекување на заболените места и состојби на организмот.

“Потребно е само дел од секунда. Вие едноставно го допирате чипот до повредениот дел, а потоа едноставно отстранете го. Нешто како самолеплив фластер за прва помош кој лекува.” Изјави доктор Чандан Сен, директор на Центарот за регенеративна медицина и клеточни терапии на Охајо државниот Универзитетот – Векснер Медицински центар. “По оваа постапка, репрограмирањето на клетките започнува само и моментално.”

Во серија лабораториски тестови, истражувачите го примениле чипот на повредените нозе на глодари кои покажале васкуларни скенирања со кои немало никаков проток на крв. “Ги репрограмиравме нивните клетки од кожата за да станат васкуларни клетки” изјави доктор Сен “За една недела почнавме да ја забележуваме трансформацијата”.

До втората недела се формираат активни крвни садови, а веќе до крајот на третата недела или 21-виот ден, нозете на глодарите беа спасени без притоа да се користи било каква друга форма на третман. “Тоа го проширува веќе познатиот концепт како генетска терапија, кој трае подолго време” изјавува соработникот во студијата Џемс Ли, професор по хемиски и биомолекуларен инженеринг го Охајо. “Разликата со нашата технологија е во тоа што ние ја испорачуваме ДНК директно во клетките.”

Чипот, наполнет со специфичен генетски код или одредени протеини, се става на кожата, а мала електрична струја создава канали во ткивото. ДНК или РНК се инјектира во оние канали каде што е потребно во коренот и почнува да ги репрограмира клетките.

Во една нова студија објавена во Природата на нанотехнологија, првиот автор Даниел Галего – Перез од државата Охајо покажа дека техниката работи ефикасно до 98 проценти. “Што е уште повозбудливо, е тоа што не работи само на кожата, туку и на секаков вид ткиво” додава доктор Сен. Всушност, истражувачите успеале да “израснат” мозочни клетки на површината на кожата на глодарот, да ги соберат, а потоа да ги инјектираат во повредениот мозок. Само неколку недели по мозочен удар, функцијата на мозокот во глодарот беше обновена, и беше целосно заздравена.

Бидејќи оваа техника користи сопствени клетки на пациентот и не се потпира на лекови, истражувачите очекуваат уште годинава да биде одобрена за човечки испитувања а веќе во период од три до пет години и да започне да се користи како активен метод во лекувањето.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!