Сообраќајна несреќа и во Дојран – СЕ ПРЕВРТЕ АВТОМОБИЛ НА КРОВ

од Биљана Јовановска 0

kola

Гужвата по патиштата, но и врнежите од дожд денеска дополнително го отежнаа сообраќајот низ земјава. Покрај сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Куманово-Кр.Паланка, во која се повредени 14 лица, се случи и несреќа во Дојран.

Како што може да се види на фотографијата, која беше објавена на социјалните мрежи, на влажниот коловоз на патот меѓу Стар и Нов Дојран, дошло до несреќа при што еден автомобил е превртен на кров. Засега нема информации за повредени.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)