9 работи кои вработените во бутиците за облека ги премолчуваат

од Биљана Јовановска 0

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-001.fw

Како и во секој бизнис, така и во бутиците за облека, се користат многу трикови со кои ќе нѐ натераат нас потрошувачите да трошиме повеќе.

Тие се користат речиси секаде, а продавачите мудро ги премолчуваат.

Дознајте што е тоа што бутиците го кријат од потрошувачите:

Еден ист број, може да ви биде помал или поголем, во зависност од брендот.

Различни производители на облека имаат различни димензии, па ако во една продавница ви е точен број 38, во друга може едвај да влезете во 40. Некои производители намерно ги прават помалите бројчиња поголеми, за жените купувачи да се среќни што ги собира во мал број и да го купат парчето од кај нив.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-03.jpg

Од распродажба заработуваат повторно продавниците, а не купувачите.

Намаление – начин на кој ќе ве натераат да дојдете и да купите нешто. Никој не е отпорен на попусти и ценкање. Но, што се крие зад тоа?

  • Понекогаш цените на производите намерно се зголемуват, а потоа се објавуваат попусти за да привлечат купувачи.
  • На излогот на продавницата може да пишува „попуст до 70%“, а само едно парче да биде навистина намалено за 70%.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-02.jpg

Дизајнерските парчиња не се секогаш поквалитетни

Многу брендови некогаш имаат линија на облека која е направена во соработка со познати дизајнери. Целта е да ги натераат купувачите да платат повеќе за тој луксуз. Но, тоа не секогаш значи дека тие парчиња се поквалитетни од останатите кои ги нуди самиот бутик.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-04.jpg

Делот за распродажба речиси секогаш изгледа неуредно

Сте го забележале ли тоа? Во сите останати делови облеката е уредно закачена или здиплена, а во делот на распродажба е хаос. Овој трик го користат продавачите за купувачите да се чувствуваат среќно што нашле парче облека во толкав неред, па дури и по намалена цена и веднаш трчаат да го купат, додека не им го земал некој друг.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-05.jpg

Во производството на облека некогаш се користат и опасни хемикалии

Некои штетни материи кои се користат, на пример за да не се оштети бојата на облеката или пак што ја штити од инсекти, може да биде штетна за вашата кожа. Секогаш перете ја новата облека за да се заштитите.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-06.jpg

Синтетика за иста цена како природни материјали

Производителите некогаш намерно претеруваат со цената на производи од синтетички материјали, за да ги натераат купувачите да купуваат поскапи парчиња од природни материјали. Купувачот мисли дека блузата од волна или памук не е толку скапа, бидејќи цената се разликува за многу малку од вештачката и повеќе се исплати квалитетното. Но, всушност синтетичката не вреди толку, тоа е само трик со кој бутиците профитираат.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-07.jpg

Облеката во аутлетот е со понизок квалитет од истата која се продава во бутиците

Луксузните брендови многупати ги прават истите производи од поевтини материјали, кои се наменети само за во аутлетот, за да можат да профитираат и од тие кои сакаат да купуваат во аутлет за да заштедат, наместо да го плаќаат истото за поскапо во бутикот. Но, всушност не е исто.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-007.jpg

Низок квалитет

Облеката од нашите родители е толку квалитетна што по толку многу време можеме дури и ние да ја носиме без да изгледа старо. Но, модерната облека е со понизок квалитет – се појавуваат линии, не се добро структуирани, апликациите на нив се бришат и брзо избледуваат. Но, тоа е трик и цел на производителите – да ве натераат да купувате почесто.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-09.jpg

Модата се менува секоја недела

Поминаа деновите кога во модната индустрија постоеја 2 сезони: пролет/лето и есен/зима. Сега во бутиците доаќа нова колекција речиси секоја недела и постојано се појавуваат нови трендови со цел да сакаат да ги натераат купувачите да трошат почесто за да можат да ги следат трендовите.

9-raboti-koi-prodavachite-vo-buticite-za-obleka-gi-premolchuvaat-10.jpg

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)