ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО СE` МОЖЕ ВАШИОТ АЈФОН? – ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА

од Биљана Јовановска 0

20170624-znaete-li-shto-se-sledi-vashiot-ajfon-m

Вашиот Ајфон веројатно следи многу повеќе нешта отколку што мислите. За среќа во повеќе случаи се работи за безопасни нешта.

Епл ги нуди овие опции со цел да понуди подобри услуги за корисниците и додека на некои тие им пречат, други немаат никаков проблем со тоа што тие постојат во опциите во телефонот. Еве што прати Вашиот Ајфон:

Локацијата – Вашиот Ајфон со сигурност прати каде се наоѓате во моментот и овие податоци во Епл се користат за подобрување на апликацијата Maps, иако на бројни корисници ова не им се допаѓа. Ако сакате да ја видите листата на локации, отворете Settings, па Privacy. Потоа изберете Location Services и скролајте до System Services. Таму ќе ја пронајдете опцијата Frequent Locations која можете и да ја исклучите.

Колку чекори правите – За повеќето апликации кои се поврзани со здравје потребни се токму овие податоци. Податоците за направените чекори ќе ги најдете ако ја отворите апликацијата Health, па Health Data. Притиснете на Activity и скролајте додека не дојдете до Steps или Steps or Walking + Running Distance.

Што сте поделиле со контактите – Вашиот Ајфон ги памети и фотографиите кои сте ги споделиле со Вашите пријатели пред шест месеци. Отворете го разговорот кој Ве интересира во Messages, и кликнете на копчето за информации во горниот десен агол. Ќе се отвори екран со повеќе опции. Вам Ве интересираат информациите кои се најдолу.

Вашите навики на користење на Ајфонот – Ајфонот може да послужи како асистент во извршување на секојдневните задачи. Тој забележува кога ја користите почесто една апликација и истата ја нуди на долниот лев агол на екранот.

Метаподатоци за Ваши фотографии – додека фотографирате со Ајфонот, уредот памети разновидни информации. Во функцијата Memories во апликацијата Photos се создава серија на слајдови на различни теми кои често се базираат на време или локација. Овој вид на метаподатоци може да патуваат со Вашите фотографии кога ги споделувате на социјалните мрежи, па размислете за тоа да ги избришете пред објавување.

Кои апликации Ви ја трошат батеријата – Ајфонот може да Ве предупреди која апликација најмногу Ви ја троши батеријата. Како да дојдете до тој податок? Отворете Settings, па Battery и скролајте додека не најдете Battery Usage Data. Овде може да видете која апликација најмногу ја цеди батеријата во последните 24 часа или 7 дена.

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!