ОСТРА РЕАКЦИЈА НА ДОНАЛД ТРАМП: Новоизбраниот претседател на САД, ја спореди земјата со нацистичка Германија!

од Биљана Јовановска 0

tramp_sinhua

Доналд Трамп ги спореди САД со нацистичка Германија коментирајќи ги лажните вести во врска со него.

Новоизбраниот американски претседател ја обвини американската разузнавачка агенција дека не смеела да дозволи објавување на лажни информации во врска со него.

„Разузнавачките служби не смеат да си дозволат да протечат лажни информации во јавност. Тоа е уште еден удар кон мене. Дали ние живееме во нацистичка Германија?“, напиша Трамп на својот Твитер профил, за кој се пофали дека самиот си го уредува.

Подоцна, Трамп во медиумите одговорил во врска со обвинувањата дека всушност тој бил уценуван од Русија.
„Русија никогаш не користела полуги на притисок врз мене. Никако не сум поврзан со Русија, ниту сум должен, ниту сум им вршел некакви услуги.“