КЕНЕДИ И ХЕКТОР ЈА ЧУВААТ ШАПКА: Момче се откажа од градскиот живот и замина на планина (ФОТО)

од Биљана Јовановска 0

kenedi_momcei01

Малкумина, а можеби и никој друг нема храброст и желба како младото момче од Тетово, Јован Божиновски, или познат како Кенеди, да го напушти градот и да се пресели на планина за да избега од градската врева и од загадениот воздух. Негов најверен пријател е кучето Хектор.

Скоро две години сум тука, во Тетово се симнувам само по потреба, обично кога треба да платам сметки или да купам нешто за себе, вели младото момче Јован Божиновски, или на многумина познат како Кенеди, кој скоро две години живее и работи на Попова Шапка.

Сите оние што биле во ресторанот „Конак“ на Попова Шапка сигурно имале можност да го видат Јован, кој со својот ведар дух веднаш ќе ви го привлече вниманието.

Јован Божиновски - Кенеди - 02

Јован Кенеди е дефинитивно најмладиот жител на Попова Шапка, а друштво му прави неговиот најверен другар Хектор, куче од расата на алјаски маламут.

Вели дека не му е воопшто досадно. Кога нема гости во ресторанот, тој обично гледа телевизија, сурфа на интернет и, нормално, како секој млад човек користи социјални мрежи каде што е прилично популарен. Јован_Кенеди__13_.jpg

Бидејќи Јован е таму преку цела година, се случувало по неколку дена да нема никаков контакт со луѓе. Најдолг период без да види човек било минатата година кога Кенеди 11 дена се дружел само со својот пријател Хектор.

Никој од моите најблиски не ми поверува кога им кажав дека ќе живеам на Попова Шапка. Да бидам искрен, долу во Тетово ништо особено не случува, досадно е, а за воздухот да не зборуваме. Планина си е планина. Попова Шапка е магија што може да се доживее само ако се дојде тука. Јас се одвикнав од Тетово – ни раскажува Кенеди.

Тој вели дека откако се преселил на Попова Шапка не се случило да го заболи глава или, пак, да има проблем со спиењето. Особено има проблем кога ќе се симне во Тетово. Од загадениот воздух Кенеди има проблем со дишењето и поради тоа избегнува да го посетува градот, иако неговото семејство и пријателите живеат во Тетово.

– Има големи предности што живеам тука. Сега каде и да одам имам пријатели бидејќи тука доаѓаат луѓе од целата земја, а нѐ посетуваат и голем број странци кои се воодушевени од Попова Шапка. Честопати се случува да дојдат гости од европските земји и да останат по неколку дена, иако не планирале такво нешто. Едноставно се заљубуваат во ова што го гледаат тука, додека пак младите тетовци не сакаат многу да доѓаат – објаснува Кенеди.

Но Јован и неговиот најверен другар, кучето Хектор, ја почувствувале и моќта на планината. Во неколку наврати Јован морал да бега од волци и мечки.

– Се случило неколку пати да видам волци, мечки, може да се видат лисици, зајаци… Во една пригода кога видов мечка на само неколку метри од мене морав да трчам и да се заклучам во ресторанот – раскажува Јован.

Инаку, покрај љубовта кон природата, Кенеди е страстен бордер, па ни раскажа дека со нетрпение го очекува снегот кој конечно пристигна. Вели дека честопати се случува среде ноќ да го стави бордот на грб и да бара идеална патека за спуст