БОГ ГО СТВОРИ СВЕТОТ ЗА СЕДУМ ДЕНА, ОБАМА ИМА ДЕВЕТ ДА ГО УНИШТИ: Марија Захарова загрижена за последните девет дена од мандатот на Обама!

од Биљана Јовановска 0

zaharova_ria1

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, изрази загриженост поради можните активности на администрацијата во заминување на Барак Обама во последнете девет дена од мандатот

„Секој ден читам вести од Вашингтон: нови санкции против Русија, испорака на преносни противвоздушни ракетни комплекси на сириските сечачи на глави, потполно бесмислени, но штетни активности во сите правци на надворешната политика. Бог го направи светот за седум дена. Администрацијата на обама има два дена повеќе да го уништи“, напиашала Захарова на својата страница на Фејсбук.

Новата администрација на САД под водство на Трамп ќе стапи на должност по инагурацијата која ќе се одржи на 20.јануари.