Овој сајт може да ги открие вашите најмрачни тајни

од Биљана Јовановска 0

tf

Сајтот IKWYD во почетокот беше достапен само на руски јазик, што укажува на тоа дека неговите креатори се од тоа говорно подрачје.

Креаторите на сајтот “I Know What You Download” (IKWYD) тврдат дека нивниот изум може да следи што секој од нас симнува од торент сајтовите, а за тоа е потребно да ја знае само ајпи адресата.

Секоја интернет конекција има своја ајпи адреса, која открива која конекција е во прашање, сопственикот но и точната локација на која се користи. Едноставно кажано, ајпи адресата е отпечаток од прстот на секоја интернет конекција.

Голем дел од корисниците на интернет, не користат VPN сервери и други начини преку кои можат да ја прекријат ајпи адресата, па таа е видлива за секој кој барем малку ќе се потруди.

Сајтот IKWYD ја зема корисничката ајпи адреса и ја користи за пребарување низ историјата за тоа што сте правеле на торент сајтовите, како и што сте превземале од нив.

Превземањето на фајлови од торент сајтовите значи дека истовремено се поврзувате со луѓето ширум светот и со нив разменува податоци, па многу ајпи адреси се вклучуваат во овој процес.

Овој крајно едноставен сајт покажува колку лесно може секој да дознае што правите на интернет.

Исто така, IKWYD овозможува креирање на наизглед обичен линк, кој кога ќе го кликнете се активира како трагач кој анонимно следи што личноста отворила и што истата превзема од торент сајтовите.

Споменатиот сајт во почетокот беше достапен смао на руски јазик, што укажува на тоа дека неговите креатори се од тоа говорно подрачје.