ЛОНДОН ПОВИКУВА НА РАЗУМ: Доста е станизирање на Русија – Вашингтон и Лондон треба да работат на добри односи со Москва!

од Биљана Јовановска 0

boris_jhonson

Велика Британија и САД треба да продолжат со двојната стратегија за „ангажирање во иднина“ со Русија , наместо и понатаму да се „сатанизира“ Москва, изјавил министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон.

Џонсон истакнал дека двојната „стратегија за ангажирање и иднина е она што им е потребно“ на Вашингтон и Лондон во односите кон Москва.

„И го свртевме вниманието на новата американска администрација на тоа дека понатамошна сатанизација на Русија или туркањето на Русија во ќош би била лудост“, рекол Џонсон пред пратениците. Џонсон во неделата потсетил во Њујорк, каде што се состанал со клучните членови на тимот на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, а потоа во Вашингтон се состанал со американските пратеници.