Ужасни детали за трагедијата која се случи на Бадник: Се дрогирале пет дена без прекин

од Биљана Јовановска 0

fewpokagopehte

Александар М (29), тату-мајстор од Белград и малолетната С.Г (17), кои се најдени мртви во четвртокот попладне во стан, дрогирале се цели пет дена без престан, раскажува И.Р (17)најдобрата пријателка на покојната девојка.

Таа вели дека Александар и С.Г земале разни наркотици во станот, таа е уверена дека се предозирале.

– Знаев дека С.Г се дрогира и се обидов да и помогнам. И збороував за тоа и сакав да ја тргнам но не можев. Земаше спид, амфетамини, што ќе најде… Тоа го правеше и во училиште. Работите излегоа од контрола кога нејзината постара сестра Дамјана пред две недели отиде во затвор поради поседување на дрога, раскажала  другарката на починатото девојче.

Таа вели дека Александар се забавувал со Дамјана, но продолжил да доаѓа во станотво која нејзината сестра живеела сама.

– Мајката на С.Г починала од рак, а за нејзиниот татко не сакала да слушне за него. Ми зборуваше дека ја тепал нејзината болна мајка. Затоа подоцна нејзина старателка била постарата сестра Дамјана. Социјалната служба доаѓаше кај нив, но таа не сакаше да оди во дом. Одеше во средното училипте „Техноарт“ и беше многу талентирана. Сликаше и пишуваше, но дрогата ја упропасти. Во нивниот стан доаѓаше многу лошо друштво, раскажува другараката на С:Г.

Малолетната С.Г и нејзината сестра по смртта на нивната мајка биле препуштрени сами на себе.