Проплака иконата на Богородица во црквата Свети Архангел Михаил – солзите мирисале на темјан

од Биљана Јовановска 0

htjhntrjmytkyul

Источната европска црква го добила своето сопствено божиќно лудо – кога се пролиле солзи низ сликата на Блажената Дева Марија. И тоа се случило два пати за само една година, станува збор за иконата која се наоѓа во црквата на Свети Архангел Михаил во Скопје. Верниците поради тоа овој Божиќ го посетија овој храм а најважно од се што солзите кои течеле мирисале на темјан, мирис кој на подарок од кралевите го добил малиот Исус. Дека солзите мирисале на темјан потврдиле бројните верници но и отец Бобан свештеник во оваа црква.

Ристо Сетинов, преставник на црковниот одбор, раскажал како еден верник после литургијата ги забележал солзите кои излегувале од окото: Еден верник не извести дека видел капка која тече од левото око, рекол Сетинов и додал: Отец Бобан тогаш зема крпа и ја избриша капката.

Откако ја помирисал крпата рекол дека мириса на темјан.После тоа, се појавиле уште неколку капки кои се слевале од лицето.

-Останавме во црквата цел ден, а капките и понатаму си капеа, рекол Ристо.

Се смета дека оцие солзи се најава за некоја катастрофа, верниците истата глетка на истата слика во истата црква пријавиле во април, пред Велигден.