КОГА НЕ БИ БИЛО ТРАГИЧНО, БИ БИЛО СМЕШНО: Механизацијата за чистење на снег, завеана во снег!

од Биљана Јовановска 0

kuma-1-640x480

Граѓаните на Куманово сами го чистат снегот, откако е завеана механизацијата за чистење.

Исто така, има големи проблеми со движењето по улиците и патиштата, особено во неколку населби во градот и селата во општината.

Улиците не се исчистени од снегот во населбите Перо Чичо, Карпош, Доброшане, Зелен Рид, Ајдучка Чешма и други населби.

Големи проблеми со снегот има во населените места Клечовце, Пчиња, Романовце, Умин Дол, Горно Коњаре, Орашац, Табановце, Сопот и Агино Село.
kuma-2