Јавното претпријатие за државни патишта вработува – Oтворени се 50 (педесет) работни места

од Биљана Јовановска 0

patarina-20140828-96580

Врз основа на член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија “ бр.167/15 – пречистен текст и 27/16), Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул.„Даме Груев“ број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на работници на определено време во Јавното претпријатие за државни патишта за следните работни места

1.    Референт – инкасант, во Одделението за наплата на патарина, во Секторот за одржување на патишта, сообраќајна сигнализација, заштита на патишта и наплата на патарина – 50 (педесет) извршители, со исполнување на следните посебни услови:

•    Средна стручна спрема – Сите видови на средна стручна подготовка
•    Работно искуство -1 година
•    Дневното работно време од 07,00 часот до 19,00 чаоот и од 19,00 до 07,00 часот
•    Работното време е распоредено во две смени и трае 12 часа
•    Работа на празник и работа ноќе
•    Неделното работно време изнесува 40 часа
•    Основната плата изнесува 18.460,00 денари

2.    Портир во Одделението за управување со човечки ресурси и општи работи, во Секторот за правни работи, подготовка на постапка за експропријација, управување со човечки ресурси и општа работи – 1 (еден) извршител, со исполнување на следните посебни услови:

•    Средна стручна спрема или основно образование
•    Работно искуство -1 година
•    Дневното работно време од 08,30 часот до 16.30 чаоот
•    Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа
•    Неделното работно време изнесува 40 часа
•    Основната плата изнесува 15.600,00 денари

Покрај горенаведените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 02-9332/8 од 21.11.2013 година и Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните мвста во Јавното претпријатие за државни патишта бр.02-3821/8 од 30.05.2014 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систвматизација на работните места во Јавното претпријатие за државни патишта број 02-79-26/8 од 09.10.2014 година и Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавното претпријатие за државни патишта број 02-227/4 од 13.01.2015 година. заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.

Вработувањето ќе биде на определено време, до 31.12.2017 година.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, сметајќи го и денот на објавувањето на огласот.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пристигнатите пријави.
Лице за контакт Биљана Лазевска.
Контакт телефон 02/3118- 044.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за вработување со доставување на пријава за вработување со контакт податоци и документи/докази за исполнување на условите за вработување и тоа:
–    диплома или свидетелство за завршена средна стручна спрема,
–    потврда/доказ за работно искуство
–    уверение за државјанство.

На адреса на Јавното претпријатие: ЈАВНО ПРЕТПИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ул.„Даме Груев” бр. 14 , 1000 Скопје или во писарницата на Јавното претпријатие за државни патишта, со назнака, „за јавен оглас за пријавување на кандидати за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта“.
Некомплетната и ненавремената документација нема да се земе во предвид при разгледувањето на пријавите.

Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. По завршување на постапката на селекција на кандидатите, за извршениот избор секој кандидат ќе биде писмено известен.