ЉУБОВНА ПРИКАЗНА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Среќната приказна на македонскиот полицаец и бегалката од Ирак го обиколува светот!

од Биљана Јовановска 0

kumanovac_irak

Али Нора Аркавази курдска муслиманка и православниот Боби Додевски се заљубиле откако се сретнаа на калливиот граничен премин на почетокот на март, а четири месеци подоцна се венчаа, пренесува агенцијата Франс Прес.

Боби се присетува на дождливиот ден кога прв пат ја здогледал Нора на ничија земја помеѓу двете држави, додека бил на должност.

-Тоа беше судбина, им кажа 35 годишниот полицаец на новинарите на агенцијата АФП во неговиот стан во Куманово каде сега среќно живее со својата млада сопруга.

Дваесетгодишната Нора е од Дијала, провинција во источен Ирак каде се уште има насилства. Младата Ирачанка кажува дека екстремистите од Исламска држава го киднапирале нејзиниот татко инженер, и дека барале илјада долари откуп за неговото враќање.

Бегалец е и нејзиниот брат, сестрата и родителите кои тргнале на долгото патување. Ја поминале границата со Турција, потоа со стигнале на грчкиот остров Лезбос, од каде влегле во Македонија. Главната цел им била Германија.
Нејзиното семејство продолжило кон Германија, а Нора одлучила да остане во Македонија.

-Имав сон да живеам со моето семејство во Германија, вели таа и додава дека не ни замислувала какво изненадување ја чека во Македонија.

Боби кој се разведувал два пати, вели дека сега знае како нашол некој посебен.

-Кога ја здогледав, видов нешто добро во нејзините очи, раскажува Боби за странските медиуми.

Нора зборува шест јазици, почна да помага во локалниот Црвен крст и вели дека и се допаѓа што нејзиниот сопруг полицаец игра со децата на мигрантите.

Боби ја побарал Нора за жена во април додека биле на вечера во еден ресторан.

-Му реков не, мора да се шегуваш. Но тој десет пати повторуваше: “Сакаш ли да се омажиш за мене”, вели Нора.

Таа конечно кажала “да“ но била загрижена како ќе реагираат нејзините родители што се мажи за човек кој не е муслиман.

Им кажала дека одбрала добар човек за да го помине животот со него, но родителите биле лути.

Нора и Боби живеат со трите негови деца од минатите бракови. Очекуваат и Нора да се породи.