Германско село повикува млади брачни двојки со деца да се доселат: Што ќе добиете бесплатно таму?

од Биљана Јовановска 0

20161224162349

Поради се постарата популација на многу мали места во Германија, меѓу кои и е селото Отенстеин на северот од Германија, дошле во ситуација да затворат училишта бидејќи немаат доволно ученици.

Челниците на ова германско село затоа повикуваат млади брачни двојки со деца да се доселат во ова место каде ќе имаат пријатен и мирен живот.

Како што пишува „Financial Times“, германските власти во последните децении интензивно работат на привлекување на млади семејства од други земји како би се спасиле од се поизразениот проблем на стареење.

Според последните информации на Обединетите нации, бројот на жители во земјата до 2050 година ќе биде намален на 74,5 милиони .

Процентот на Германци до 15 години би можел да падне на речиси 13 посто, што би било меѓу најмалиот број на млади во една земја во светот.

 

Бројот на луѓе во Германија над 60 години според проценките, би можел да порасне од 27 на 39 посто.

Демографските промени се еден од најголемите предизвици на Германија“, рече неодамна Волфганг Шојбле, министер за финансии.

Германските власти сметаат дека со прифаќањето на млади брачни парови со деца би можеле барем донекаде да го решат проблемот во врска со се постарото население.

И на сајтот на Германската амбасада во Сараево пишува дека Градската управа на селото Отенстеин / Oкруг Холзминден подарува општински парцели на млади семејства со деца. Меѓутоа овие семејства во период од три години мора да градат на парцелата и да ги сносат трошоците за приклучок кои не се безначајни (приклучок за вода, канализација, струја, гас, телефон, пристапен пат…).

Меѓудругото, изградбите на куќи во Германија како и трошоците за живот генерално не се евтини. Во Отенстеин и околината (посебно во Бад Пимонт) има многу слободни работни места (пример во областа на медицинската нега, гастрономија и занаетчиство).

Но, овде секако важи правилото дека работна дозвола може да се издаде само во случај ако стекнатата диплома за завршена стручна спрема е признаена во Германија.

Изгледи за работно место има во правилото само ако таа личност има добро познавање на германски јазик.