Страшни урбани легенди од кои ќе ви наежи кожата

од Биљана Јовановска 0

Овие паранормални и страшни приказни се легенди или случки објавени на интернет без поголеми докази, но и покрај тоа, тие предизвикуваат страв и тешко е да ги извадите од глава.

Александира Алексис

Ќе биде ли патувањето низ времето возможно во 2025. година? Според урбаната легенда, одговорот е потврден. Александира Алексис неодамна патувала низ времето, поточно од споменатата година, и ги убедувала луѓето дека пристигнала од иднината. Њујорчаните во 1899. година, наводно сведочеле за нејзиното необјасниво пристигнување во градот, а по некое време, повторно мистериозно исчезнала.

Возачот на автобусот

Возачот на еден автобус, задолжен за превоз на психички болни лица, на една од своите рути одлучил да го запре автобусот и да оди на пијалак во барот во близина, оставајќи 20 врзани пациенти во возилото. Кога се вратил назад, дочекал празен автобус. Бидејќи од него се очекувало да доведе 20 психички болни пациенти во болницата, тој се одлучил на очајнички потег.

Го возел автобусот до првата автобуска станица и’ им дозволувал на луѓето кои чекале обичен автобус да се качат, а потоа ги носел во болницата. На лекарите им кажал дека станува збор за агресивни пациенти кои треба да бидат врзани.Вистинските пациенти никогаш не биле пронајдени.

Проколнатиот тунел

Тунелот “Sensabaugh” во градот Тенеси во САД, предизвикува страв кај локалното население. Познат е како проколнато место на кое се случувале страшни работи. Еден урбан мит вели дека во тунелот биле убиени многу деца на различни начини. Луѓето тврдат дека во тунелот се слуша детски плач.

Приказните одат до таму што некои сведоци изјавиле дека на крајот од тунелот, на својот автомобил имале отпечатоци од детски раце. (Види видео:)

Необјаснива фотографија

Една самохрана мајка се вратила дома по напорниот работен ден, и го оставила својот нов мобилен телефон на масата во дневната соба. Потоа седнала на креветот пред телевизорот.

Нејзиниот 6-годишен син почнал си игра со телефонот. По некое време, жената одлучила да оди на спиење, но пред тоа влегла во собата на својот син, кој заспал со телефонот во рацете.

Сакајќи да провери што правел нејзиниот син со мобилниот, таа видела неколку фотографии. Меѓу нив имало и една со нејзиниот син, покрај лицето на некоја постара жена.

Духот на детето

Момче и девојка решиле да ја фотографираат својата мачка која се однесувала чудно. Таа не престанала да мјаука на вратата од балконот. Кога ја виделе фотографијата, момчето и девојката биле преплашени.

На фотографијата забележале мало девојче, кое никогаш порано не го виделе. Куќата во која живеел парот, наводно била стара повеќе од 100 години.

Девојката без израз на лицето

Во летото 1972. година, една болница примила девојка со бел крвав фустан, што кај персоналот предизвикало страв.

Девојката била бледа, а на лицето имала растурена шминка. Покрај очите, таа не правела други движења со лицето, и изгледала како кукла од излог. Нејзината појава ги вознемирила докторите, кои решиле да ја врзат за кревет и да повикаат полиција.

Тогаш се обиделе да и дадат седатив, на што жестоко се противела. Го свртела лицето кон докторот и се насмеала.

Кога ја запрашале која е, девојката одговорила дека е Бог.

Авотр: Дамјан Павлов

Остави коментар

Твојата имејл адреса нема да биде објавена

Можеш да ги користиш овие ХТМЛ тагови

Close
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!