Како би изгледал животот на Марс?

од Биљана Јовановска 0

На Земјата постојат личности кои се спремни да платат милијарди долари се со цел да однесат луѓе на Марс. Space X, програмата на милијардерот Елин Маск веќе некое време ја подготвува оваа идеја, а одредени организации веќе и јавно ги искажаа своите намери – како организацијата Марс Оне која сака да испрати луѓе на Марс до 2022-та година.

Марс Оне планира одредена група на поединци,кои поминаа 7 години во ригорозно подготвување, да ги испрати на Марс и од тоа да направи телевизиско шоу. Ваквата програма е наречена “Опстанок на Марс”, и постои разумна причина позади идејата да се колонизира Марс пред планираната повратна мисија.

Моментално не поседуваме технологија која би ги однела овие луѓе,и би ги вратила назад на Земјата. Меѓутоа, можеме да отпремиме вселенски брод со целосната потребна опрема за живот на Марс. Позадиоваа идеја не стојат сонувачи, туку познатикосмолози и инжинери, како Баз Олдрин кој е огромен поборник за оваа идеја, за колонизација на Марс во што поблиска иднина.

Стратегиите за населување се разликуваат, и моментално постојат две опции. Првата е создавање на огромна вештачка средина која би ги штитела луѓето од негостопримливата површина на планетата – доколку сакаме во скоро време да го колонизираме Марс,ова е нашата единствена опција со оглед на тоа што другата опција, односно тераформирањето бара огромно време за реализација.

Тераформирање е промена на површината и атмосферата на планетата со што ќе не потсетува на Земјата. Марс гиима сите состојки потребни за живот – водород, фосфор и јаглерод – а се верува дека некогаш Марс имал влажна клима со оглед на тоа што долините на површината можат да настанат само со помош на вода.

Покрај обидувањата да сфатиме како да воспоставиме живот на Марс, се поставува уште едно прашање – како тој живот ќе изгледа?

Живот како на земјата

Вистината е: Нашите тела еволуирале за живот на Земјата. Вселенското однесување веќе покажа недостаток на гравитација и недоволниот простор можат да доведат до депресија, умор, атрофирирање на мускулите па дури и до промена на физиологијата на очите.

Просто кажана – не сме природно адаптирани да бидеме вселенски каубојци. Животот на Марс би морал да ги следи правилата кој ги поставила нашата сопствена планета: Вежбање, правилна исхрана и ниво на гравитација како онаа на Земјата (гравитацијата на Марс е само 38% во споредба со онаа на земјата, односно онаа на која ние сме навикнати).

Сигурно постојат имногу поголеми и покомплексни работи за кои се уште не сме свесни, како важноста на бактериите во секојдневниот живот и кои можеби нема да можат да се размножуваат и да ја извршуваат својата функција во средината на Марс.

Но можеби малку поинаков

Атмосферата на Марс е навистина тенка, речиси 1% од Земјината. Ова значи дека површината на Марс не е заштитена од вселенската радијација. Иако тераформирањето ова би можело да го промена на подолг временски период, краткорочно гледано, просторот за живот и оделата за истражување би морале да ја издржат таа радијација.

Првите колонисти би морале да живеат во навистина тесни заедници. Комплексната технологија ќе мора да биде доопремена и тоа по астрономска цена, додека сето останато мора да биде создавано на лице место.

Ова не звучи толку лошо како што е навистина лошо. Земјата на Марс содржи многу кристална вода, а тоа значи можност за одгледување на растенија.

Смртта ќе биде се попристуна

Другата, онаа поверојатната работа на Марс е можноста за грешки, системска или случајна, но тоа значи само едно. Истребување на колонијата. Покрај опасноста од самиот пат и влегувањето во атмосферата на Марс, самата планета е прилично негостоприлива кон луѓето.

Марс има песочни бури кој доколку би се наоѓале на земјата, би имале сила да откорнат дрво од земјата. Овие бури се чести, но до сега не успеале да им нанесат штета на роверите на Марс. Марс е исто така студена планета. Просечната температура на планетата изнесува -55 степени Целзиусови, а на половите може да изнесува и -153 степени Целзиусови.

Марс дефинитивно представува следна граница за човечкиот вид. Иако прашањето дали таму ќе живееме само неколку години се уште виси во воздух, постојат доволен број на луѓе и компании кои се спремни да продолжат со своите планови.

Остави коментар

Твојата имејл адреса нема да биде објавена

Можеш да ги користиш овие ХТМЛ тагови

Close
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!