Знаете ли колку чини новиот Ајфон во Аргентина?

од Биљана Јовановска 0

Најскапиот iPad на светот, од 16 гигабајти се продава во Аргентина по цена поголема од 1.000 долари, што е за речиси 200 долари поскапо од било кое друго место на светот. Па замислете колкава би била цената на неодамна представениот iPhone 5S.

Ајфонот кој во останатите земји се продава околу 649 и 849 долари во зависност од просторот за складирање, во Аргентина се продава за речиси 3.500 долари, на сајт сличен како “ebay”, односно “Mercado Librе”.

Кога Апл го представи својот производ кој се продава во 11 земји ширум светот, Аргентина не се најде на листата на тие земји. Но кога во Декември ќе започне новото креирање на оваа листа, Аргентина повторно нема да биде земена во предвид.

Главната причина за ова е протекционизмот во Аргентина, поради кој засега само богатите и оние со подлабок џеб ќе можат да си го дозволат овој Аплов “луксуз”.

Остави коментар

Твојата имејл адреса нема да биде објавена

Можеш да ги користиш овие ХТМЛ тагови

Close
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!