5 чудни проблеми на вашето тело

од Биљана Јовановска 0

Со кои се соочувате секој ден, но не знаете зошто..

5. Точки, и линии пред вашите очи

Вашите очи се навистина фасцинантни инструменти. И само да знаете, им биле потребни неколку милиони години еволуциј
а за да се развијат. Па оправдано е да имаат некоја грешка во нивната сериозна и обемна работа. На пример, оние точки и линии кои лебдат пред вашите очи. А кога ќе се обидете да ги видите, некако ви побегнуваат.

  • Но, не плашете се, нема да ослепите!

Очите се главно составени од желатинска маса. Тие се менуваат со текот на годините, па нивната нежност се менува како што стареете. Со текот на годините во внатрешноста на вашите очи ќе се појават и влакненца. Кога ќе се појават во доволен број, ќе ги видите, поготово во бела позадина, да речеме кога ќе погледнете кон небото. Но не се секирајте, со текот на времето тие ќе паднат на дното од окото, така што тие нема да му попречуваат во работата.

4. Зошто мозокот замрзнува за момент?

Сигурно ви се случило барем еднаш. Земете ладен сладолет, или лубеница и ставете големо парче во внатрешноста на вашата уста. И потоа може да почувствувате како буквално ви се смрзнува мозокот, односно ќе почувствувате болка во очите и главата.

Научниците од Хардвард очигледно имале слични проблеми, па се позабавувале малку. Тие открија, зошто некои пријатни работи, како сладоледот, може да направат да почувствуваме болка во одредени ситуации.

  • Еве што навистина се случува..

Вашиот мозок е навистина конзервативно настроен, и не сака претерани промени на температура. Кога во вашата усна празнина ќе ставите лажичка ладен сладолет, тој малку ќе одлепи. Па, тој во истиот момент ќе ги отвори сите можни артерии во вашата глава се со цел, побрзо да се загрее. А тоа навистина знае да заболи, поради зголемениот крвен притисок.

3. Зошто вкусот е ужасен после миење заби?

Се спремате за спиење и сте ги измиле вашите заби? А потоа сте се сетиле дека ве чека парче торта за кое сте се спремале цел ден. Но храната има ужасен вкус после миењето заби.

  • Еве што се случува..

Виновникот е една хемикалија, поточно, Содиум лаурил сулфат. И за да биде уште полошо, ќе ви кажеме дека таа хемикалија не врши никаква улога во миењето заби, освен да направи пена во вашата уста. Ако има пена, имате впечаток дека пастата за заби делува беспрекорно. Ако ја нема, не чини за ништо. Содиум лаурил сулфат се додава токму поради тоа. Оваа хемикалија ќе направи се што ќе ставите во вашата уста, да има одвратен вкус, така што ги збунува рецепторите за вкус одредено време..

2. Зошто сонцето нè гори?

Сонцето е прекрасно, поготово кога сте на плажа со коктел во рака. А потоа..додека трепнете ќе кажете “Уф, ја заборавив кремата за сончање.” и ете ве како следните десетина дена се премачкувате со јогурт и лимон, и плачете поради изгорениците и црвенилото.

  • Еве што се случува

За да ви разјасниме, тоа црвенило, е изгореница од радијација. Да, радиоактивна радијација. Исто ќе изгледате и да добиете озрачување на отворен нуклеарен реактор, или можеби од рендген доколку заспиете под него. Во овој случај, најголем виновник е ултра-виолетовото зрачење. Ова зрачење ја оштетува и вашата ДНК. При целиот тој процес, вашето тело испраќа огромно количество крв, за да ја заштити вашата кожа, се со цел, да не се случи нешто полошо од лупење и црвенило.

А зошто болат изгорениците од сонцето? Е тоа, и научниците го немаат откриено.

1. Зошто мокрачата мириса чудно?

Сте биле на скара, месото беше одлично, пивото супер. И потоа отидовте дома, и сфативте дека вашата моч, мириса навистина чудно. Во вашиот организам внесувате продукти со одличен вкус и мирис, а исфрлате нешто грозно.

  • Еве што се случува во организмот..

Главен виновник за ова е сумпорот. Тој се појавува во вашиот стомак во процесот на варење на овие намирници, односно при разградувањето на некои други хемикалии. А сулфур навистина не мириса убаво. Поради него, вашата моч мириса одвратно, имате гасови, а во најлош случај и вашата кожа би започнала да мириса.

Ком (0)

  1. Како хемичар моја света должност е да ве поправам, оти овие грешки болат како киселина во очите. Содиум е англиски назив за натриум, сумпор српски назив за сулфур, а за непријатниот мирис на мокрачата виновници се уреата и амонијакот.

Остави коментар

Твојата имејл адреса нема да биде објавена

Можеш да ги користиш овие ХТМЛ тагови

Close
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!