Човек-мутант од 15 сантиметри

од Биљана Јовановска 0

Малиот вонземјанец сепак е човечко суштество.

Десет години по пронаоѓањето на наводно мумифицираното тело на вонземјанецот, научниците од универзитетот во Станфорд потврдија дека најдените остатоци сепак се човечки.

Од како Оскар Муњос ги пронајде остатоците од малиот хумоноид во Атакама, се појавија различни шпекулации за потеклото на вонземјанецот, кој го добил прекарот Ata. Се шпекулираше дека станува збор за абортиран фетус, мајмунче или дури вонземјанец кој што паднал на Земјата.

Погледнете ја галеријата подоле и ке видите зошто ова единствено суштество привлече толкаво внимание.

Посебното возбудување наречено Ata кај подржувачите предизвика и теории како што е постоењето на вонземјани на нашата планета, бидејќи тоа за нив е непобитен доказ дека вонземјаните навистина постојат и дека не посетуваат. Навидум мал скелет навистина изгледа како нешто за што луѓето сигурно ке кажат дека е вонземјанец, бидејќи има голема глава и високо чело со мало, слабо тело.

Според пишувањата во локалните весници, Ata е пронајдена на 19 октомври 2003 година, дедека Оскар трагал по предмети од историско значење во напуштениот град Атакама.

Покрај урнатата црква открил бело платно и “во него необичен скелет со должина од 15 cm, со цврсти заби, големо чело и огромен череп. Се чинеше дека телото е прекриено со лушпи и имаше темна боја. За разлика од човечкиот скелет, овој имаше девет ребра”.

Остави коментар

Твојата имејл адреса нема да биде објавена

Можеш да ги користиш овие ХТМЛ тагови

Close
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!