Интервју со легендарниот Gasttozz

од Биљана Јовановска 1

Сигурно сите имате чуено за Gasttozz и имате изгледано барем еден негов клип на YouTube. Влогерот кој секогаш ке ве насмее со неговите приказни на каналот Gasttozz Stories, познатиот Ненад Маринковиќ успеа да издвои време и да направи интервју за нашиот сајт. Прочитајте го интервјуто во продолжение…

Здраво Ненад, на почетокот да те прашам како си, што се случува?

– Чао, здраво, поздрав до сите посетители на овој портал/сајт. Добро сум фала му на господ, се надевам дека и вие сте добро. Моментално барам работа, за да заработам нешто, бидејќи YouTube не ги плаќа моите клипови како порано, поради најглупавата песна на планетава наречена Gangnam style!

Кажи ми како започна се, како се роди идејата за снимање клипови, како настана Gasttozz?

– Па, се започна сосема случајно со идејата тие клипови да бидат достапни за моите другари во Србија, па потоа сето тоа се прошири и на тој начин ме предизвика да снимам клипови се почесто и со тоа да настане тој “vlog”. А Gasttozz всушност е германски збор, што значи работник кој заработува во туѓа, а троши во својата земја, па така го измиксавме и ете го денеска “Gasttozz”.

Колку време е потребно да се направи еден клип и каде ја наоѓаш инспирацијата?

– За да еден клип го направам онака Full потребно ми е повеќе од 10 часа за тоа да биде онлајн. Се случува, пред спиење да направам сценарио во глава и станувам наутро, пијам чај, бидејќи не пијам кафе и тука почнувам да снимам со Марија. Сето тоа после се прекопира во компјутерот, потоа edit во програмот, па потоа правење финална верзија во компјутерот, па го компресирам во друг програм и потоа тоа оди онлајн. Инспирација највеќе наоѓам по интернет, можеби малку и real life, луѓето околу мене и случувањата во Србија или во бившата Југославија.

Каков е Gasttozz во приватниот живот, дали е ист како на клиповите?

– Па, можам слободно да кажам дека сум многу замислен и дека постојано имам некои идеи и желба да направам нешто ново, нешто различно, но буквално од сето тоа ништо на крај не направам, бидејќи изгубам пола ден на глупавиот фејсбук и глупавите портали каде што читам за животот на старлетите, манекените, фудбалерите и татини и мамини – синови и ќерки, па на крајот станувам нервозен и баталам се. Легнам да спијам и чао, здраво, но сепак на крајот направам барем 2% од онаа што ке го замислам, хахахах!

Бидејќи знам дека правиш журки, како се прифатени и кажи ми дали е во план нешто и кај нас во Македонија?

– Да, за сега направив две свои журки. Првата помина успешно во Свилајнац, а во Белград и не се снајдов нешто најдобро, но на грешките се учи! Следниве мои журки ке го носат моето име и секако јас ке бидам Ди-џеј таа вечер, така да се ке биде ок. Доаѓам за Македонија веднаш штом ке добијам покана!

Како оди правењето музика и што сакаш да слушаш?

– Верувале или не, кога некој би седнал на мојот комјутер и би ги отворил проектите и истите тие проекти би ги доработил и завршил, тој сигурно ке се збогати или барем ке стане познат продуцент, а да притоа не ме спомене мене, бидејќи јас сум многу мрзлив околу деталите кои се многу битни во музичката продукција, па ги занемарувам и правам само еден “loop” кој е навистина добар и така го оставам се додека не го отворам повторно програмот и не почнам да работам нешто ново. Во последно време слушам deep house, funky house, minimal и таков некој електронски правец.

Какви се плановите, што ново можат да очекуваат фановите наскоро?

– Па фановите неможат ништо да очекуваат конкретно, затоа што и јас не знам што ме очекува утре, хахахах! Можам само да кажам дека имам непишано еден тежок народњак и дека имам екипа која би ми направила инструментал на кој јас тоа ке го отпеам, па можеби ке снимам еден јужен ветар style спот, кој ке предизвика голема гледаност, тоа ви го гарантирам.

Фала на одговорите, ако имаш уште нешто да додадеш што не те прашав, а сакаше да кажеш и некоја порака за сите кои го следат old.think.mk?

– Па, пред се би сакал да ви се заблагодарам, бидејќи направивте место и јас да се појавам на него, се надевам дека еден ден ке ме има и по телевизиите, со тоа vlog-от ке биде за уште некое ниво, бидејќи во Србија не не сметаат за озбилни млади луѓе кои имаат некои свој имиџ, хоби и работи кои ги прават среќни.

Мојата порака може само да гласи гласно и јасно дека секој треба во себе да пронајде за што всушност е роден! Кој знае, можеби јас не сум роден за ова, можеби сум роден да мачкам палачинки пред Ајфеловата кула! Хахахаха…

 

Ком (1)

  1. Браво бе ТХИНК МК . .ни превод од српски не можете саглам да направите …

Остави коментар

Твојата имејл адреса нема да биде објавена

Можеш да ги користиш овие ХТМЛ тагови

Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)
error: Content is protected !!